Престани секој ден да смислуваш што ќе јадеш. Кажи ни што сакаш да постигнеш (слабеење, мускулна маса, повеќе енергија или поздрава исхрана) и добиј разновиден неделен план со доручек, ручек, ужинка и вечера и цена за секој оброк. Листата за купување е готова: штиклираш што веќе имаш дома и купуваш само она што ти треба. За тебе или за цело домаќинство.
Апликацијата наскоро стигнува на iPhone и Android. 7 дена бесплатно, со сите можности и без картичка.
Четири чекори, од прашалник до полн фрижидер.
Кажи ни што сакаш да постигнеш, како се храниш, што не јадеш, колку време имаш за готвење и колкав е твојот буџет.
Четири оброка дневно, избрани според твојата цел, со калории, протеини и објаснување зошто е избран секој оброк.
Листа за купување со количини и цени, подредена по оддели во маркет. Она што го имаш дома не го купуваш повторно.
Штиклирај ги изедените оброци или запиши што јадеше наместо нив, внеси ја тежината и гледај како се менуваат калориите, макроата и навиките низ неделите.
Направено за нашата кујна, нашите маркети и нашите цени.
Секој член има свој план: свои калории и порции, своја исхрана и храни што не ги јаде. Каде што може, јадете исто јадење, а листата за купување е една.
Постави неделен буџет од–до, а планот останува во тие рамки. Цените се во денари.
Немаш време за готвење? Избери каде си (маркет, пекара или брза храна) и добиј најдобар избор за твојата цел.
Напиши „бургер и кифла со мармалад“ и веднаш види калории, протеини, масти и јаглехидрати.
Означи што имаш дома и добиј рецепти што го користат, за помалку фрлена храна.
Ако некоја состојка ја нема во продавница, апликацијата предлага локална замена.
Јадеше нешто друго? Запиши го наместо оброкот и денот веднаш се пресметува. Не ти се јаде нешто? Замени го со еден клик.
Сумирање на крајот на секој ден, тежина низ времето, изедени калории по ден и најчесто јадени оброци.
Безбедносни прашања на почеток и јасна препорака за лекар кога е потребно.
Целата апликација и сите рецепти на двата јазика, со еден клик.
Повеќето апликации за исхрана се направени за друг пазар, со рецепти што кај нас тешко се готват и цени во долари. Sanio почнува од тоа што го јадеме и го купуваме тука.
За секој што сака да јаде подобро, без да троши време и пари на смислување.
Еден план и една листа за цело семејство, а секој добива своја порција.
Без гладување и без бројење калории, планот го пресметува тоа наместо тебе.
Доволно протеини и јаглехидрати, според бројот и видот на тренинзите.
Посно со или без масло, Велигденски и Божиќен пост и Рамазан, по правилата за секој ден.
Првите 7 дена се бесплатни, со сите можности и без картичка. Потоа избираш план.
без картичка, без обврска
или 1.990 ден годишно, околу 166 ден месечно
или 3.490 ден годишно, околу 291 ден месечно
Ако со буџетот, листата за купување и „Што имам дома“ заштедиш само 100 ден неделно, тоа се над 400 ден месечно, повеќе од цената на Premium.
Пакетите доаѓаат по објавата на апликацијата. Не сакаш претплата? Земи еднократен пакет само за периодот кога ти треба. Пакетот трае до крајот на сезоната, а за претплатниците на Premium и Семеен е вклучен без доплата.
Посен план по правилата за секој ден, листа за купување и велигденско мени.
Посен план, мени за Бадник и Божиќ.
Сухур и ифтар, мени за Рамазан Бајрам.
Неделни планови за слабеење, листа за купување и следење на тежината.
Полесни оброци, многу протеини и брзи рецепти.
Мени за гости, цена и листа за купување за бројот на гости.
Не. Sanio дава општи совети за исхрана врз основа на твоите одговори. Ако имаш здравствена состојба, земаш лекови, си бремена или доиш, провери го планот со лекар или нутриционист.
Може да избереш време за готвење до 15 минути, ручеци за носење на работа, а делот „Што да си купам“ ти кажува што е најдобар избор во маркет, пекара или брза храна.
Цените се проценка според маркети во Скопје и се менуваат со сезоната. Служат за планирање на буџетот, не како точна сметка.
Да. Може да избереш вегетаријанско, веганско, посно, пескетаријанско или помалку јаглехидрати, и да исклучиш глутен, лактоза, јаткасти плодови, јајца, риба и други храни.
Да, во секое време, преку поставките на App Store или Google Play. Пробниот период од 7 дена е без картичка, па ако не одбереш план, ништо не ти се наплатува.
Пиши ни на kontaktsanio@gmail.com или преку „Пиши ни“ во апликацијата. Одговараме во рок од 3 дена.
Твоите одговори ги користиме само за да ти направиме план. Не ги продаваме, не прикажуваме реклами и не ги споделуваме за маркетинг, а здравствените одговори ги користиме само со твоја согласност. Целосните детали се во политиката за приватност.
Sanio наскоро стигнува на App Store и Google Play. Ќе можеш да го пробаш 7 дена бесплатно, без картичка.